четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Фудбал

Менаџерот на Елмас откри колку вреди македонскиот репрезентативец

Менаџерот на Елмас откри колку вреди македонскиот репрезентативец

Џорџ Гарди е застапник на Елиф Елмас во Италија, тој за медиумите од оваа земја изјави дека вредноста на македонскиот репрезентативец скокнала и сега тој на трансфер пазарот вреди 40 милиони евра.

-Кога имате стандарден репрезентативец, кој постигнува голови, ја креира играта на националниот тим, нормално е цената да се зголеми, Наполи има фудбалски бисер во тимот, сега тој вреди 40 милиони евра, изјави Џорџ Гарди.

Наполи досега потврди дека нема намера да го продава Елиф Елмас, тој е важен играч во славниот клуб од Италија кој има намера да го направи стандарден првотимец на клубот.

ЕУРО 2020

Македонија