четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Фудбал

Мегваер: Сами се ставивме под притисок

Мегваер: Сами се ставивме под притисок

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, жали за синоќешното реми 2-2 против Саутемптон и го забележа недостатокот на концентрација при статичната ситуација.

„Светците“ стигнаа до бод по корнерот во 96-та минута, кога беа со човек повеќе поради повреда на Брендан Вилијамс и со тоа не дозволија противникот да излезе на третото место во пласманот.

– Разочарани сме затоа што го контролиравме натпреварот долго време и имавме многу ситуации. Не бевме во најдобра состојба, но сепак направивме доволно, за да победиме. Постојат работи на кои треба да се работи. На крајот, статична ситуација нè уби. Се ставивме сами под притисок откако не постигнавме трет гол. На крајот, бевме несреќни кога останавме со 10 лица. Ќе ја анализираме ситуацијата, но навистина сме разочарани. Сепак, мора да се смириме и да се обидеме да земеме 3 бода уште на следниот натпревар, рече Мегваер.

Коронавирус