сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 63
home Фудбал

МЕГА понуда од Реал Мадрид за Пол Погба

МЕГА понуда од Реал Мадрид за Пол Погба

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид официјално испрати понуда до Манчестер Јунајтед за трансфер на француската ѕвезда Пол Погба.

Според информациите, Реал Мадрид испратил понуда од 145 милиони фунзи или 160 милиони евра за да го купи Погба и сега имаат десет дена за да го завршат трансферот, затоа што преодниот рок во Англија завршува на 8 август. Оле Гунар Солскјер најави дека после тоа нема да преговара за трансфери, иако во Шпанија може да се купуваат фудбалери до крајот на август.

Најавите дека во Манчестер ќе дојдат Бруно Фернандеш, кој вчера се збогува од Спортинг Лисабон и Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио ја отвораат вратата за заминување на Погба од Манчестер Јунајтед.

Извор: dribling.mk

Коронавирус