среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 145
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Медиуми: Јувентус сака да го ангажира Нејмар

Медиуми: Јувентус сака да го ангажира Нејмар

Италијанските медиуми пренесуваат денеска дека калчолигашот Јувентус сака да го донесе во своите редови бразилскиот напаѓач на ПСЖ, Нејмар.

Според медиумите, новиот спортски директор на францускиот шампион Луис Кампос не е импресиониран од Нејмар и смета дека бразилскиот фудбалер не го покажал сиот свој потенцијал во тимот од Париз.

Нејмар во 2017 година стана најскапо платен фудбалер во историјата, кога ПСЖ за неговиот трансфер од Барселона плати 222 милиони евра.  (МИА)

Коронавирус