сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Мечот со Холандија е последен и за селекторот Ангеловски: Среќен сум што работев со човек и капитен каков што е Пандев

Мечот со Холандија е последен и за селекторот Ангеловски: Среќен сум што работев со човек и капитен каков што е Пандев

Утрешниот натпревар против Холандија ќе биде последен и за Игор Ангеловски на функцијата селектор на Македонија, неговиот договор со ФФМ истекува.

Со крајот на настапот на Македонија на Европското првенство завршува и договорот на Игор Ангеловски за селектор на репрезентацијата.

Договорот ми завршува, јас можам само да кажам благодарам на човекот што седи до мене (Горан Пандев), најдобриот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал. Среќен сум што работев со таов човек и капитен. Знаеме каде бевме пред пет и пол години, на 162 место на ФИФА, а каде ја донесовме Македонија – на Европско, второ место во квалификациите за СП. Тоа доволно говори за се што направивме. Максимално посветно до последен ден ќе го одработам договорот, а не сакам ништо да зборувам за иднината“, вели Ангеловски.

Во последно време Ангеловски често се поврзува со некои клубови, па веројатно од следната сезона ќе седне на некое друго тренерско столче и ќе му се врати на клупскиот фудбал.

Холандија е апсолутен фаворит, знаеме која е Холандија, бивш европски првак, селекција која постојано е во круг на кандидати за евротитулата. Но, ное мора да одиграме како второто полувреме со Украина. Да ги повториме добрите моменти од тој меч. Треба да пробаме да одиграме против изразит фаворит, да се бориме да стигнеме до позитивен резултат. Против такви селекции мора да се извади максимумот и да го покажеме нашиот квалитет, изјави Ангеловски.

Коронавирус