среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 43
home Фудбал

Мбапе се простил од соиграчите: Французинот станува „крал“?!

Мбапе се простил од соиграчите: Французинот станува „крал“?!

Килијан Мбапе се очекува утре изутрина во шпанската престолнина на реализација на неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Француски медиуми тврдат дека тој денеска се простил од своите соиграчи и ги известил дека ќе стане нов член на Реал Мадрид. Викендов нема да игра натпревар ни за ПСЖ, ни за Реал, а в понеделник ќе се приклучи на француската репрезентација.

Отштетата за него изнесува 170 милиони евра, плус десет милиони во бонуси. Со парите од него, ПСЖ ќе се обиде да ги купи Пол Погба од Манчестер Јунајтед и Едуардо Камавинга од Рен.

Локални избори 2021