Фудбал Лигата на нации

Мбапе по триумфот над Германија: Среќен сум што повторно постигнав гол

Никогаш не е лесно против Германија. Среќен сум што повторно постигнав гол, но главната работа е да се победи, изјави Мбапе.

Мбапе по триумфот над Германија: Среќен сум што повторно постигнав гол

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе, е среќен поради победата над Германија во натпреварот за третото место во Лигата на нации (2:0).

Дваесет и шестгодишниот Мбапе постигна гол и асистенција на денешниот натпревар во Штутгарт.

-Одигравме два натпревар од кои можеме да научиме многу. Направивме многу добри работи, но треба и многу да анализираме. Никогаш не е лесно против Германија. Среќен сум што повторно постигнав гол, но главната работа е да се победи, изјави Мбапе за „RMC Sport“.

Финалето на Лигата на нации меѓу Шпанија и Португалија ќе с еигра вечер од 21 часот во Минхен.

To top