понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе: Ни во сон ова не можев да го замислам

Мбапе: Ни во сон ова не можев да го замислам

Ѕвездата на Мундијалот во Русија, Килијан Мбапе, кој е прв претендент за освојување на „Златната топка“ не може да поверува дека на 19 години ќе стигне до финалето на СП.

– Ниту во сон не замислувам дека ќе се случи ова. Резултатите се доказ дека кога се работи напорно, чесно, се игра тимски, следува награда. Што се однесува до мене, најважно ми е да го освоиме трофејот, додека индивидуалните признанија не ми се многу битни. Ова е сон на мојот живот. Ми останува и натаму да сонувам, истакна Мбапе.

Франција синоќа во полуфиналето ја победи Белгија со 1:0 и во финалето го чека подобриот од дуелот Англија – Хрватска.