петок, 14. мај 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Мбапе нема да потпише нов договор со ПСЖ

Мбапе нема да потпише нов договор со ПСЖ

Килијан Мбапе му донесе на ПСЖ многу важна победа на ПСЖ на гостувањето против Баерн, но неполни 24 часа подоцна следи непријатна вест за фановите на „светците“ поврзана со францускиот репрезентативец.

Имено, бројни медиуми ширум Франција и Европа денеска објавија дека Мбапе е решен да си замине од „Паркот на принцовите“, одлука за која веќе ги има известено и челниците на клубот.

ПСЖ засега не ја коментира оваа вест, но јасно е дека доколку е вистина „светците“ ќе инсистираат на продажба на големиот ас летово, за да не ризикуваат тој во 2022 година да си замине без никава отштета.

Француските медиуми најавуваа дека ПСЖ ќе бара 200 милиони евра, сума што воопшто не е реална за играч кој ќе има само една година од договорот. Реал Мадрид и Ливерпул се клубовите кои покажуваа најсериозен интерес

Коронавирус