вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Фудбал

Мбапе не отфрли можност за трансфер во Реал

Мбапе не отфрли можност за трансфер во Реал

Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ја коментираше можноста да премине во Реал Мадрид во иднина.

Како што е познато, напаѓачот беше поврзуван за трансфер во „кралскиот“ клуб летото 2017 година, но на крајот тој го избра „Парк де Пренс“. Мбапе рече дека е смирен во моментот, но во иднина не знае што ќе се случува со неговата кариера.

– Се чувствувам многу добро тука (ПСЖ), но во фудбалот никогаш не се знае. Имам договор до 2021 година, а сега не е време да се размислува за други тимови, вели Мбапе.

Запрашан дали на тимот му треба засилување во зима, францускиот репрезентативец објасни: „Потребно е засилување, има луѓе кои работат за тоа“.