понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Мбапе кобен по европскиот шампион, Челси со една нога во полуфинале на ЛШ

Мбапе кобен по европскиот шампион, Челси со една нога во полуфинале на ЛШ

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите во Минхен, француски ПСЖ славеше со 3-2 на гостувањето против актуелниот европски фудбалски шампион Баерн.

Двоецот Мбапе – Нејмар всушност ја донесоа победата за Французите која во голема мера може да значи место во полуфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување.

ПСЖ многу брзо, по само 28 минути игра, се стекна со предност од два погодоци. Мбапе најпрво погоди уште во 3. минута, на асистенција на Најмар, а Бразилецот повторно асистираше и во 28. минута за Маркињос кој донесе предност од 0-2.Чупо-Мотинг во 37. минута да намали на 1-2.

Во вториот дел Томас Милер во 60. минута израмни за домашните, за да Мбапе во 68. минута, сепак, донесе триумф за својот тим пред реваншот во Париз.

Во вториот денешен четвртфинален дуел, Челси со 0-2 славеше против Порто на дуелот во Севилја и веќе е со една нога меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите за оваа сезона.

Маунт со голот во 32. минута и Бенјамин Чилвел во 85. минута донесоа триумф за „сините“ кои во Лондон се очекува само рутински да ја одработат работата.

 

Коронавирус