понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 155
home Фудбал

Мбапе ќе игра со легендарниот број на Платини на Мундијалот 2018

Мбапе ќе игра со легендарниот број на Платини на Мундијалот 2018

Големите надежи на францускиот национален тим се поврзани со талентот на Килијан Мбапе. За време на Светското првенство во Русија тој ќе игра со легендарниот број 10, што своевремено го носеле Мишел Платини и Зинедин Зидан.

Француската фудбалска федерација официјално ги објави броевите со кои ќе ги играат играчите за време на Светското првенство 2018 година.

Во отсуство на Жињак, кој играше со број 10 на Европското првенство во 2016 година и на Дмитри Паје, кој исто така многу често го носеше дресот со број 10, Мбапе ја доби одговорната задача за Светското првенство 2018.

Антоан Гризман ќе игра со својот омилен број 7, а Усман Дембеле на грбот ќе ја има 11-ката.

Составот на Франција:

1. Уго Лорис
2. Павар
3. Кимпембе
4. Рафаел Варан
5. Самуел Умтити
6. Пол Погба
7. Антоан Гризман
8. Тома Лемар
9. Оливие Жиру
10. Килијан Мбапе
11. Усман Дембеле
12. Корентен Толисо
13. Н‘Голо Канте
14. Блеиз Матуиди
15. Стивен Н’Зонзи
16. Стив Манданда
17. Адил Рами
18. Набил Фекир
19. Џибрил Сидибе
20. Флоран Товен
21. Лука Ернандез
22. Менди
23. Алфонс Ареола.

Коронавирус