четврток, 22. август 2019. Вести денес: 136
home Фудбал

Мбапе: Ќе биде срамно ако Французин не ја добие „Златната топка“

Мбапе: Ќе биде срамно ако Французин не ја добие „Златната топка“

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и Франција, Килијан Мбапе изјави дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси остануваат најдобрите во светот, но според него оваа година „Златната топка“ треба да му биде доделена на Французин. Тинејџерот се надева дека токму тој ќе го земе големото признание, откако одигра многу силна сезона и стана светски шампион со „петлите“.

– Никој не се претставува подобро од Меси и Роналдо. Не можеме да кажеме дека е дојден крајот на нивната ера, бидејќи таа ќе заврши кога некој ќе биде на подобро ниво од нив. Сепак не мислам дека некој од нив ќе ја освои „Златната топка“ оваа година, бидејќи имаше Светско првенство, а во таква година е различно. Но ако зборуваме како играчи, нема подобри од нив, вели Мбапе.

Килијан се надева дека ќе стане првиот Французин со „Златната топка“ од 1998 година, кога наградата ја освои Зинедин Зидан, откако ја донесе Франција до светската титула.

– Се надевам. Постигнавме нешто големо. Да кажам дека ќе биде незаслужено ќе биде премногу силно, но би било срамно ако не ја освои Французин. Напишана приказна и ќе биде убаво тоа да биде наградено, прокоментира 19-годишниот талент.