вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 91
home Фудбал

Мбапе: Кажав дека Нејмар е клошар, такви работи се случуваат во фудбалот

Мбапе: Кажав дека Нејмар е клошар, такви работи се случуваат во фудбалот

Килијан Мбапе овие денови е во центарот на вниманието поради својата верзија на работите во летниот преоден рок и неговата желба да си замине од Пари Сен Жермен.

Неговите зборови јасно покажуваат дека едноставно ќе треба да се случи чудо за да остане во Париз и по 2022 година, односно да не заврши во шпанскиот великан Реал Мадрид. Меѓутоа освен за оваа тема Килијан се одлучи искрено да проговори и за препираката, недоразбирањето со Нејмар на еден од лигашките средби во Франција.

Камерите го фатија Мбапе како го изразува своето незадоволство за да сега напаѓачот открие дека го нарекол Нејмар клошар.

-Го нареков Нејмар клошар бидејќи не бев среќен со неговото додавање. Такви работи постојано се случуваат во фудбалот. По целата „експлозија“, разговарав со него. Тоа се случува кога сакате да победите. Нема проблем. Веројатно истото ќе биде и во иднина. Го почитувам Нејмар како фудбалер и човек, -вели Французинот во разговорот за „Л’Екип“.

Коронавирус