среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 112
home Фудбал

Мауро Икарди нов играч на Реал Мадрид?

Мауро Икарди нов играч на Реал Мадрид?

Сопругата и агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди – Ванда Нара, изјави дека играчот се уште е далеку од продолжување на договорот со тимот на „нероазурите“.

– Двете страни во моментов се далеку од договор. Се уште нема пристигнато прифатлив предлог од Интер. Многу големи клубови од цела Европа се заинтересирани за него во моментов – двата најголеми во Шпанија, еден од Франција и еден од Англија, изјави Нара.

Актуелниот договор на Икарди завршува во 2021 година. Единствената негова конкретна желба сега е тој да добива по 8 милиони евра по сезона.

Од италијанскиот клуб, пак, сакаат да ја отстранат клаузулата за откупување од 110 милиони евра и да потпишат со Аргентинецот до 2023 година.