четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Матвиенко: Мора да ја победиме Македонија и точка!

Матвиенко: Мора да ја победиме Македонија и точка!

Репрезентативецот на Украина, Микола Матвиенко најави дека Украина мора да ја победи Македонија на ЕВРО 2020 со цел да се задржат шансите за пласман во осминафиналето, а се’ освен триумф над нашата селекција за нив ќе биде неуспех.

Матвиенко не ја криеше својата самодоверба, иако е дел од многуте фудбалери од четата на Андриј Шевченко кои дебитираат на континенталниот шампионат и немаат преголемо искуство од настапите на големите турнири.

„Ние на секој меч одиме на победа, не е важно дали станува збор за пријателски или официјален меч, но сега овој дуел со Македонија е најважен. Мора да ја победиме Македонија и точка!“, изјави дефанзивецот.

Микола го очекува задача да го чува капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, за кого има само пофални зборови.

„Допрва ќе правиме вистински анализи, погледнавме само едно полувреме од мечот, но можам да кажам дека Пандев е неверојатно искусен, фудбалер кој играше во извонредни тимови и се гледа дека е на високо ниво, дека умее сѐ со топка. Поради неговите години, не е така брз, ама очигледно е дека возраста не го спречува да покаже дека е класа и на овој голем турнир“, заклучи Матвиенко.

Коронавирус