среда, 1. декември 2021. Вести денес: 139
home Фудбал

Матиќ: Потребни се уште 30 отсто за Јунајтед да се бори за титулата

Матиќ: Потребни се уште 30 отсто за Јунајтед да се бори за титулата

Манчестер Јунајтед наскоро ќе биде подготвен да се бори за титулата во Премиер Лигата, според фудбалерот на тимот, Немања Матиќ. По пристигнувањето на играчот од средниот ред Бруно Фернандеш, „црвените ѓаволи“ повторно потсетија на себе, запишувајќи 19 натпревари во низа без пораз, пред да бидат поразени од Челси во полуфиналето на ФА Купот. Матиќ не верува дека тимот е толку далеку од нивото на големите ривали Манчестер Сити и Ливерпул, кои се натпреваруваа за титулата во Премиер лигата оваа сезона.

– Мислам дека стануваме подобри секој ден, со секој натпревар, чекор по чекор. Морам да кажам дека има голема разлика од почетокот на кампањата и сега, секако, на позитивна нота. Ако додадеме 30 отсто повеќе отколку што имаме, ќе бидеме подготвени да се бориме за титулата во Премиер Лигата. Наскоро ќе бидеме подготвени да им се спротиставиме на сите, изјави тој за „Скај Спортс“.

Србинот зборуваше и за неговиот соииграч од средниот ред, Бруно Фернандеш.

– Тој е неверојатен играч. Мислам дека сите сме среќни што е со нас. Тој има многу квалитети во нозете и носи нешто повеќе во нашиот тим. Тој ќе биде многу важен играч за иднината на Манчестер Јунајтед. Се обидуваме да имаме добра врска едни со други на теренот особено кога екипата ќе си ја врати топката. Треба да ги најдеме играчите штосе напред што е можно поскоро. Сите знаеме дека работите не одеа како што сакавме на натпреварот против Челси, но ние мора да го прифатиме тоа и да настапиме добро против Вест Хем, посочува Србинот.

Матиќ има забележано 31 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, реализираше еден гол и има уште 3 асистенции. (MИА)

Коронавирус