четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Фудбал

Матијс де Лихт сака да си оди од Јувентус

Матијс де Лихт сака да си оди од Јувентус

Матијс де Лихт никако да се договори со челниците на Јувентус за нов договор, па фудбалерот реши ова лето да си побара нов клуб.

„Старата дама“ не сака да ги прифати неговите финансиски услови, па Холанѓанецот сака трансфер. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2024 година.

Јувентус летово остана без Џорџо Кјелини, кој замина во Лос Анџелес ФЦ, па ако го загуби и Де Лихт ќе има тешка задача да најде доволно квалитетна замена.

Цената на стоперот на фудбалскиот пазар изнесува околу 80 милиони евра. Челси и ПСЖ би можеле да влезат во игра за неговиот потпис, но не се исклучува и можноста во трката да се вклучи и Манчестер јунајтед.

Коронавирус