сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Матераци за ударот со глава и што навистина му кажал на Зидан

Матераци за ударот со глава и што навистина му кажал на Зидан

Конфликтот меѓу Марко Матераци и Зинедин Зидан го одбележа финалето од Светското првенство 2006 година во Германија.

За време на продолженијата италијанскиот стопер го испровоцира францускиот ас, а овој потоа го удри со глава во градите и доби директен црвен картон.

Французите успеаја да издржат со играч помалку и да се изборат за пенали, но таму италијанските фудбалери успеаја да дојдат до победа и шампионска титула, а Зидан замина во пензија.

Дури 14 години подоцна Матераци откри што навистина му рекол на Зидан на теренот и приказните дека ја спомнувал неговата сестра се вистинити.

„Ударот од Зидан? Искрено, не го очекував“, започна Матераци и додаде:

„Среќа што не очекував удар, бидејќи ако бев подготвен, двајцата ќе бевме во соблекувалната“, раскажа Матераци.

Потоа, тој го објасни комплетниот тек на настаните на теренот.

„Имавме мал контакт во казнениот простор. По првиот дуел му се извинив, а тој реагираше лошо. Потоа и втор пат имавме контакт, а при третиот застанав пред него. Ми рече: ’Ќе ти го дадам дресот подоцна’ и јас му одговорив дека повеќе би ја сакал неговата сестра и потоа дојде до ударот“, признава Матераци.

Зидан со тоа на неславен начин замина од фудбалот и фрли дамка на својата неверојатна кариера која ја имаше.

Коронавирус