среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Масовна тепачка во дербито на големите ривали (ВИДЕО)

Масовна тепачка во дербито на големите ривали (ВИДЕО)

Синоќа, во Порто Алегре се одигра натпреварот од групата 2 од групната фаза Копа Либертадорес, силите ги одмерија големите бразилски ривали, Гремио и Интернационал.

Не беа видени голови, немаше многу можности, но имаше вкупно осум црвени картони.

Дербито на големите ривали донесе, како и обично, тензии на теренот, па натпреварот повеќе или помалку заврши со масовна тепачка на двете екипи гледани во живо од 50.000 навивачи на стадионот.

Се се случи поради жесток фаул на домашната екипа од напаѓачот Соуза за да се случи општ хаос во 89. минута.

Фудбалерите на двата клуба се „тепаа“ и со раце и со нозе, додека судијата Рапалини и неговите помошници се обидоа да ги смират работите.

Откако инцидентот беше некако прекинат, аргентинскиот арбитар им подели четири црвени картони на секоја страна на најагресивните.

Кај домаќините поцрвенеа Хенрике, Пепе, Лусијано и Миранда, кои дури не играше, но го гледаше натпреварот од клупата.

Од друга страна, Куеста, Еденилсон, Мојсес и Праксед (на клупата) се исклучени од гостите.

Коронавирус