недела, 5. јули 2020. Вести денес: 82
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Фудбал

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Баерн

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Баерн

Тежок инцидент се случи во јуниорската Лига на шампионите , кога натпреварот во Атина меѓу екипите на Олимпијакос и Баерн беше прекинат од вооружени и маскирани хулигани.

Хулиганите кои го следат Олимпијакос , во 88-та минута од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу младите на тој клуб и гостинскиот Баерн,маскирани истрчаа на теренот за да се справат со германските навивачи.

Тие ги нападнаа противничките навивачи со факели и палки, предизвикувајќи судијата да ја прекине играта.

Полициските службеници и чуварите сепак успеаја да го вратат редот на стадионот и на трибините, по што натпреварот заврши со победата на Баерн со 4-0.

Парламентарни избори 2020