четврток, 25. април 2019. Вести денес: 10
home Фудбал

Машинеријата проработи – Роналдо со два гола му донесе победа на Јувентус (ВИДЕО)

Машинеријата проработи – Роналдо со два гола му донесе победа на Јувентус (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ги постигна првите голови во Серија А против Сасуоло и му помогна на Јувентус да ја постигне и четвртата победа во новата сезона на италијанскиот шампионат (2:1).

Откако првото полувреме помина со по неколку шанси на двете страни и повремен притисок на домаќините, Јувентус го отвори резултатот во 50. минута откако по една мешаница по изведен корнер, Роналдо се најде во позиција да постигне рутински погодок, прв за него во црно-белиот дрес.

Португалецот предводеше контра на својата екипа 15 минути подоцна и реализираше за 2:0, најавувајќи ја новата победа на Јувентус. До крајот Сасуоло успеа да намали преку Бабакар во 91. минута, а Даглас Коста набрзина заработи два жолти картони и беше исклучен откако покажа непотребна нервоза во расправиите со противнички играч.

Составот од Торино по овој триумф е на врвот на Серија А со 12 бодови, три повеќе од Наполи и пет повеќе од третопласираниот Сасуоло.