сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Машината Кристијано Роналдо, постави нов рекорд во Лигата на шампиони

Машината Кристијано Роналдо, постави нов рекорд во Лигата на шампиони

Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед очигледно е полн погодок, барем ако се суди по спектаклот виден на „Олд Трафорд“ на вчерашниот натпревар против Виљареал во Лигата на шампиони.

И кога изгледаше дека натпреварот ќе биде завршен нерешено со резултат од 1-1 и се играа последните секунди, на сцената настапи Роналдо. Во 95 минута постигна гол за победа и предизвика делириум на стадионот.

Во исто време, Португалецот постави нов рекорд. Тој го одигра 178 натпревар во Лигата на шампионите со што го помина некогашниот клупски соиграч Икер Касиљас (177), а зад него останаа Раул (142), Рајан Гигс (141)…

Воедно, Роналдо со 36 години и 236 дена стана вториот најстра играч кој ја затресе мрежата во европските натпреварувања. На врвот се наоѓа Брајан Робсон (36 години 282 дена), кој рекордот го постави во 1993 година против Галатасарај. И него би можел да го престигне Роналдо веќе во декември.

Коронавирус