петок, 4. декември 2020. Вести денес: 51
home Фудбал

Мартинес ќе ја води Белгија и на Мундијалот во Катар

Мартинес ќе ја води Белгија и на Мундијалот во Катар

Успешната работа на шпанскиот стратег му донесе продолжување на соработката со репрезентацијата на Белгија, која под негово водство стигна до бронзата на Мундијалот во Русија.

Роберто Мартинес седна на селекторското столче на Белгија на почетокот од август 2016 менувајќи го Марк Вилмоц кој потфрли на ЕУРО 2016 губејќи од Велс во чертвртфиналето.

Под водство на Мартинес белгискиот тим почна со пораз од 2:0 во пријателски натпревар против Шпанија среде Брисел, но потоа оствари перфектен скор во квалификациите за Мундијалот 2018, а таму продолжи со одличната игра и стигна на чекор од финалето, губејќи од златната Франција. Потоа успешно го однесе тимот на ЕУРО 2020, а договорот му беше токму заклучно со континенталниот собир.

Луѓето во Кралската фудбалска федерација на Белгија се презадоволни од тоа како Мартинес ја води репрезентацијата и поради тоа ја продолжија соработката заклучно со Мундијалот во Катар 2022 година.

Досега Мартинес има скор од 34 победи, 6 нерешени и само 3 порази во 43 натпревари.

Коронавирус