вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсијал откри какви се неговите односи со Мурињо

Марсијал откри какви се неговите односи со Мурињо

Францускиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал потврди дека неговиот однос со менаџерот Жозе Мурињо е на ниво тренер-играч.

Крилото на „црвените ѓаволи“ потврди дека ова е соодветно и нормално, и во исто време нема проблем меѓу нив. Марсијал беше поврзан со напуштање на „Олд Трафорд“ во текот на летото, а неговиот однос со Мурињо стана напнат откако му се роди второто дете.

Ова се случи за време на подготовката на тимот во САД, и Мурињо беше нервозен поради фактот што Марсијал не се врати воопшто во тренинг-кампот.

– Нема проблеми во мојот однос со менаџерот. Тие се на ниво на играч-тренер и се надевам дека ќе продолжат така, рече Марсијал.

Дваесет и две годишниот фудбалер се очекува во следниве месеци да го продолжи договорот со тимот од Манчестер.

Коронавирус