сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 17
home Фудбал

Марсијал меѓу Јувентус и Баерн

Марсијал меѓу Јувентус и Баерн

Францускиот фудбалер Ентони Марсијал може да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, една година пред истекувањето на договорот.

За неговите услуги заинтересирани се европските гиганти Јувентус и Минхен Баерн, објави италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Како што е наведено, младиот напаѓач кој дојде во Јунајтед од Монако летото во 2015 година за 49 милиони евра, е еден од играчите кои планираат да ги напуштат „црвените ѓаволи“.

Престижниот италијански весник пишува дека Јувентус во францускиот репрезентативец гледа замена за Марио Манџукиќ, додека во Баерн го сметаат за наследник на Франк Рибери и Арјан Робен кои се на залезот нас кариерата.

Коронавирус