сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 65
home Фудбал

Марсиал одбил да потпише нов договор со Јунајтед

Марсиал одбил да потпише нов договор со Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиал одбил нов договор од клубот, објавија медиумите во Франција.

Според „РМЦ Спорт“ причината е дека 22-годишниот играч е незадоволен од слабата минутажа која ја добива оваа сезона, и претпочита да биде ставен на трансфер листа.

Актуелниот договор на Французинот истекува летото 2019 година, додека новата понуда била во рок од пет години.

Бројни клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид, Јувентус и Атлетико Мадрид, се заинтересирани за Марсиал.

Претходно денеска, на Островот објавија дека уште еден напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, исто така е подготвен да замине поради недовербата од португалскиот тренер.