вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 56
home Фудбал

Марш ќе го наследи Нагелсман на тренерското место во Лајпциг

Марш ќе го наследи Нагелсман на тренерското место во Лајпциг

Германскиот бундеслигаш одлучи за новиот тренер кој ќе го наследи Јулијан Нагелсман од следната сезона. Тимот почнувајќи од 2021/2022 сезона ќе го води Џеси Марш од Ред Бул Салцбург.

Четириесет и седумгодишниот фудбалски стручњак се обврза на двегодишна соработка.

Сегашниот тренер на Лајпциг, Нагелсман ќе ја преземе функцијата главен тренер во Баерн Минхен на 1 јули 2021 година. Од овој трансфер Лајпциг ќе заработи 25 милиони евра.

По 31 коло во Бундеслигата, Лајпциг е втор на табелата со 64 бода, седум помалку зад лидерот Баерн Минхен.

ЕУРО 2020

Македонија