среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Фудбал

Марсело заминува во Фенербахче

Марсело заминува во Фенербахче

Бразилскиот дефанзивец Марсело, има големи шанси да ја продолжи кариерата во истанбулски Фенербахче.

Левиот бек на Реал не играше многу минатата сезона, а „бланкосите“ веќе најдоа замена. Давид Алаба од Баерн пристигнува и Бразилецот очигледно ги пакува куферите.

Марсело има договор за следната сезона, но Реал сака да се ослободи од некои играчи кои имаат премногу високи плати, но и премногу години. Марсело е само еден од нив и како што стојат работите тој може да замине во Фенербахче. Турскиот гигант сака да плати дел од платата на Марсело во последната година од договорот со цел да го донесе во своите редови.

 

Локални избори 2021