петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Фудбал

Марсело за својата иднина во Реал: Пред две години „потпишав“ со Јувентус затоа што…

Марсело за својата иднина во Реал: Пред две години „потпишав“ со Јувентус затоа што…

Искусниот бразилски интернационалец кој за неколку денови ќе го прослави 32 роденден, Марсело испрати јасна порака во однос на неговата иднина во Реал Мадрид.

Тој од 2007 година го носи дресот на „кралевите“, но веќе во последните сезони неговата позиција во првата постава не е загарантирана особено годинава каде доста шанси пред него доби летното засилување Ферланд Менди, па често се става под знак прашање престојот на „Сантијаго Бернебау“.

Меѓутоа Марсело е дециден и за него постои само една опција-продолжување на приказната со клубот од Мадрид.

-Не сакам да си заминам и не верувам дека Реал Мадрид ќе ме продаде. Јас сум многу добар во Реал од моето доаѓање. Мина долго време и е неверојатна приказна. Мислам дека е добро што други екипи се заинтересирани за мене, но не знам за Јувентус. Пред две години веќе потпишав со нив и го имав нивниот дрес затоа што не можев да живеам без Кристијано Роналдо. Луѓето измислуваат многу работи, -истакна Бразилецот кој на вечното прашање Кристијано или Меси одговори:

-Не може да се каже кој е подобар, играв со Роналдо 10 години и мотивацијата која ти ја дава на теренот е уникатна, како ја крева вашата игра. Меси пак е неутрализиран и кога од никаде ви дава гола, -рече Марсело во својот разговор со Фабио Канаваро.

Коронавирус