четврток, 4. март 2021. Вести денес: 184
home Фудбал

Марселињо: Секогаш е убаво да се победи Реал

Марселињо: Секогаш е убаво да се победи Реал

Тренерот на Атлетик Билбао, Марселињо Торал ги сподели своите емоции по триумфот (2:1) над Реал Мадрид синоќа во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

– Големи емоции, да се победи Реал е секогаш задоволство. Фудбалерите покажаа одлична концентрација и кохезија. Јас сум многу задоволен. Атлетик нема победа на 11 натпревари против Реал Мадрид. Драго ми е што од моментот на моето пристигнување, работата со играчите беше веднаш подобрена изјави Марселињо за „Марка“.

Атлетик во финалето на Суперкупот на Шпанија ќе игра против Барселона. Натпреварот ќе се одржи на 17 јануари во Севилја. Почетокот е во 21 часот.

Коронавирус