недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Марота увери: Алегри ќе остане во Јувентус

Алегри е тренер на Јувентус од 2014 година и под негово раководство „Старата Дама“ го освои три пати Скудетото, а сега е блиску до четврти триумф во Серија А.
Марота увери: Алегри ќе остане во Јувентус
Генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота е апсолутно уверен дека Масимилиано Алегри ќе остане тренер на тимот и следната сезона.
Додека медиумите се убедени дека Алегри ќе ја продолжи кариерата во Челзи, Арсенал или ПСЖ, Марота инсистира дека стратегот ќе остане во Торино.
– Можам да гарантирам 100% дека Алегри ќе биде тренер на Јуве и во следната сезона. Во последно време има многу шпекулации, па затоа ги демантирам. Ова не е само мој личен, но и официјален став на клубот, изјави Марота во коментар за „РАИ Спорт“.
Алегри е тренер на Јувентус од 2014 година и под негово раководство „Старата Дама“ го освои три пати Скудетото, а сега е блиску до четврти триумф во Серија А.
Тренерот, исто така, го донесе Јуве на два пати до финалето на Лигата на шампионите.
Како веројатни негови наследници медиумите ги споменуваат Зинедин Зидан, Симоне Инзаги и Дидие Дешан.

Коронавирус