четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 155
home Фудбал

Маркизио по 25 години го напушти Јувентус

Маркизио по 25 години го напушти Јувентус

Клаудио Маркизио се раздели со Јувентус по 25 години поминати во клубот, објави „Старата Дама“ на својот официјален сајт. Италијанскиот гигант и Маркизио заеднички се согласиле договорот на играчот да биде раскинат.

Триесет и две годишниот Маркизио е дете на Јувентус и е дел од фудбалската академија на клубот од 1993 година. Во првиот тим од Торино е од 2005 година. Тој има и сезона во Емполи (2007/2008).

Маркизио има одиграно 389 натпревари и постигнато 37 голови за Јувентус. За репрезентацијата на Италија има 55 натпревари и пет голови.

Јувентус му се заблагодари на Маркизио за неговата верност и пожртвуваност. Играчот од средниот ред, исто така, остана во клубот откако испадна во Серија „Б“ во 2006 година.

– Ти благодараме за сè, Клаудио! Ти посакуваме се најдобро, напиша Јувентус на својата официјална веб-страница.

Маркизио има седум последователни италијански шампионати со Јувентус во периодот меѓу 2011 и 2018 година. Тој, исто така, ја освои Серија „Б“ во сезоната 2006-2007. Маркизио има три италијански Супер Купа и четори италијански Купови со дресот на тимот од Торино. Тој е, исто така, освојувач на сребрениот медал од Евро 2012 со „азурите“. (МИА)

 

Коронавирус