петок, 24. септември 2021. Вести денес: 72
home Фудбал

Маркизио ги истрола Англичаните кои бараат преигрување на финалето на ЕП (Фото)

Маркизио ги истрола Англичаните кои бараат преигрување на финалето на ЕП (Фото)

Клаудио Маркизио не можеше да ги санира проблемите со повредите и стави крај на играчката кариера на само 33 години, но поранешниот фантастичен играч на Јувентус и натаму е многу популарен во италијанската јавноста, а од ова попладне уште повеќе со оглед на „поздравот“ кој го упати кон Англичаните.

Маркизио долги години ги бранеше боите на матичниот Јувентус и своевремено беше дел од најсилната италијанската репрезентација, која пак пред десет дена направи голем успех и ја освои титулата на Европското првенство.

„Аѕурите“ ја победија Англија во пенал рулетот на „Вембли“, но дел од Англичаните беа до толку очајни поразот, што бараа и преигрување на финалето поради прегрубиот старт на Кјелини врз младиот Сака во судиското надополнување.

Маркизио сега реши да се пошегува со Англичаните и порача дека е подготвен да ја потпише петицијата, бидејќи и во таква ситуација одново ќе гледа победа на неговата сакана Италија.

– Каде можам да ја потпишам петицијата за преигрување на Италија-Англија? Дури и така ќе ги победиме во наредните 1000 пати, – порача Маркизио.

Коронавирус