понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 153
home Фудбал

Марка го „отпиша“ Меси од Барселона, еве колку треба да платат Интер, Сити и ПСЖ

Марка го „отпиша“ Меси од Барселона, еве колку треба да платат Интер, Сити и ПСЖ

Шпанска Марка анализира, колку ќе ги чини Меси заинтересираните клубови, Интер, Сити и ПСЖ веќе знаат колку треба да платат за Аргентинецот.

Откупната клаузула за Меси е 700 милиони евра, но Аргентинецот е слободен играч следната година, тоа значи дека Барселона мора да побрза, доколку разделбата е извесна. Меси според Марка, очекува Барселона да ја намали цената, има светска криза, и малку време за Каталонците да тактизираат.

Интер е подготвен да и плати на Барселона 260 милиони, за Меси има подготовено 150 милиони по сезона, тврди Марка.

Сити има предност во Гвардиола, Шпанецот може да го убеди Меси да дојде во Англија, парите за клубот од Манчестер не се проблем, за „граѓаните“ проблем е дали Аргентинецот сака да игра во Премиерлигата.

ПСЖ сака да ги состави Мбапе, Нејмар и Меси, веќе покажа сериозен интерес, за богатиот газда на „светците“ пари не се проблем, но Меси засега најмалку ја разгледува таа опција, тврди Марка.

Коронавирус