сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 57
home Фудбал

Марадона за неколку дена излегува од болница

Марадона за неколку дена излегува од болница

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона за неколку дена ќе ја напушти клиниката во Буенос Аирес, откако му беше извршена операција на главата и изваден хематомот, поради кој мораше итно да биде опериран.

Неговиот личен доктор Леополдо Луке, најави дека Марадона за неколку дена ќе излезе од болница зашто е во добра општа состојба, а лекарскиот тим само прави дополнителни испитувања и се бара место каде да замине на рехабилитација, надвор од метежот и бучавата во главниот град, пренесува Спорт1.мк

– Диего сака да си оди дома уште од првиот ден, но ние засега постојано му вршиме проценка на состојбата. Ќе разговараме каде да оди после болница, но тоа што сега го знаеме е дека е во добра состојба. Најверојатно за неколку денови ќе биде отпуштен од болница, рече Луке.

Марадона кој имаше проблеми со зависноста од кокаин во текот на животот, преживеа два инфаркти, а на Мундијалот во Русија во ВИП-ложата му се слоши, по што заврши во болница. Луке изјави дека болестите од зависност и апстиненција во текот на животот, сега побавно тече закрепнувањето по операцијата.

Коронавирус