недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 21
home Фудбал

Марадона вечерва на итна операција поради згрутчување на крв во мозокот

Марадона вечерва на итна операција поради згрутчување на крв во мозокот

Аргентинската фудбалска легенда и според многумина еден од најдобрите играчи во иторијата на овој според, Диего Марадона, ќе биде подложен на операција поради згрутчување на крв во мозокот, известија во вторникот аргентинските медиуми пренесувајќи ја изјавата на неговиот лекар.

„Ќе го оперираат. Станува збор за рутинска операција“, изјавил лекарот Леополдо Луке на прес-конференција во клиника северно од аргентинската престолнина Буенос Аирес.

Шеесетгодишниот Марадона од понеделникот е хоспитализиран поради анемија и дехидрираност, иако неговата состојба почнала да се поправа. Меѓутоа прегледот со компјутерска томографија покажал крвно згрутчување во мозокот кое бара итна операција.

Марадона на почетокот од минатата седмциа заврши во самоизолацја поради контакт со лице заразено со коронавирусот, но сепак се појави во петокот на својот роденден на мечот на Гимназија каде е тренер. Како што известија медиумите, Аргентинецот го напуштил стадионот прикрепувајќи се за двајцата телохранители и изгледал многу лошо.

Коронавирус