сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 93
home Фудбал

Марадона со шокантна изјава за СП 2018: Еве како ги нарече полуфиналистите

Марадона со шокантна изјава за СП 2018: Еве како ги нарече полуфиналистите

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона во свој стил продолжи да го анализира Мундијалот 2018.

Дон Диего ги нарече полуфиналистите на Светското првенство „тимови од мигранти“.

-Има мафија, која киднапира фудбалери од Африка и ги натурализира во Европа. Составите на полуфиналистите на Светското се полни најмногу со мигранти. Се сеќавам на еден разговор со Жозе Мурињо, кој ми кажа дека мигрантите пристигнуваат во друг свет, каде имаат шанса да добијат нешта и можности, кои ги немале до тој момент. Тие го сфаќаат тоа и го даваат најдоброто од себе. Затоа европските тимови се полни со такви играчи, вели Марадона.

Статистиката вели дека 18 од 23 француски репрезентативци се со странско потекло. Кај Белгија и Англија тие се 50 отсто.

Коронавирус