петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 12
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Марадона распука по клубовите: Тие мислат дека фудбалерите се робови за да не ги плаќаат!

Марадона распука по клубовите: Тие мислат дека фудбалерите се робови за да не ги плаќаат!

Коронавирусот предизвика сериозни штети во светот, а тоа на своја кожа го почувствуваа и фудбалерите, кои најчесто мораа да се откажат од своите месечни примања, или бар дел од нив.

Овој пат, интересна ситуација ни доаѓа од Аргентина, каде што легендарниот Диего Армандо Марадона, кој моментно ја предводи Гимнасија, „удри“ по клубовите бидејќи многу сопственици ги третираат своите фудбалери како „робови“.

Има играчи кои не мора да бидат платени – тоа е точно и сите го знаеме тоа. Но, има и играчи кои не можат да играат без примања, па дури и еден месец. Затоа клубовите треба да ги платат тиа фудбалери. Постојат некои клубови кои сега играат глупави игри и сакаат да го искористат овој момент за да ги избегнат плаќањата. Тие со години ги третирале играчите како „робови“. Се чини дека има некои клубови кои секогаш имаат пандемија. Не треба овој период да им биде изговор, бидејќи некои фудбалери немаат што да јадат, истакна Марадона.

Фудбалот во Аргентина е суспендиран од 17 март, а како резултат на здравствените проблеми кои ги имаше со текот на годините, 59-годишниот Марадона е во домашна самоизолација.

Во Аргентина има 1.353 потврдени случаи на Ковид-19, а досега има и 42 смртни случаи.

Коронавирус