недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

Марадона ја напушти Химназија

Марадона ја напушти Химназија

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Марадона повеќе не е тренер на Химназија од Ла Плата. Легендарниот Аргентинец заминува по промена на раководството на клубот и заминувањето на претседателот Габриел Пелегрини.

-Екипата против Арсенал Саранди ќе ја води помошникот Маријано Месера, објави клубот.

Марадона во септември ја превзема екипата во момент кога беше последна на табелата во првенството и полека почна да ја подигнува со три победи во изминатите пет натпревари.