петок, 23. јули 2021. Вести денес: 173
home Фудбал

Марадона го дрогирале пред смртта: Шокантни тврдења на адвокатот на неговиот син, побара затвор за сестрата на Диего

Марадона го дрогирале пред смртта: Шокантни тврдења на адвокатот на неговиот син, побара затвор за сестрата на Диего

Од ден во ден во јавноста испливуваат нови интригантни детали за смртта на Диего Армандо Марадона. Овој пат, адвокатот Марио Баудри, кој го застапува синот на Ел Пибе, Диегито, побара од државниот обвинител на Сан Исидро итно апсење на четири лица поради смртта на Марадона.

Баудри го обвини и адвокатот на Марадона, Матијас Морло, кој се занимавал со неговиот со неговиот имот, потоа неговата сестра Ванеса Морло, неговиот родина Максимилијано Помагро дека незаконито се здружиле како би го земале неговиот имот.

„На Марадона пево му беше одземен целиот негов имот, неговите брендови, па дури и неговото име, а потоа беше оставен сам на себе. Ставиле професионалци кои немале доволно искуство и знаење да го лечат, но имале за да го спречат да се обрати до своето семејство за помош“– порачал Баудри и додаде.

„Му давале легални и нелегални дроги како би му го влошиле здравјето, обидувајќи се да предизвикаат смрт која би се чинела природна. Кога Марадона почина, едниствена работа која имаше вредност беа неговиот имиџ и заштитниот знак кој веќе го немаше ниту можеше да го пренесе на своите наследници. Таа права биле на име на компанија која е на овие луѓе, кои требале да се грижат за него, но не го направите тоа“- изјавил Баудри.

Коронавирус