Фудбал

Мануел Аканџи во „аут“ до почетокот на мај

Мануел Аканџи во „аут“ до почетокот на мај

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, ќе биде опериран во сабота и за него претстои пауза од околу десет недели, јавија англиските медиуми.

Информацијата ја потврди и тренерот Пеп Гвардиола, кој рече дека Швајцарецот може да паузира дури до почетокот на мај, што за него претставува голем удар кога се работи за одбраната.

Аканџи доживеа повреда на мечот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид и мораше да биде заменет на стартот од второто полувреме, а дополнителните прегледи само ги потврдија црните прогнози.

„Граѓаните“ ги очекува премиерлигашки дуел против Њукасл Јунајтед, а во моментов имаат 41 бод, два помалку од четвртопласираниот Челзи.

To top