вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Мане: Можеме да го победиме Реал

Мане: Можеме да го победиме Реал

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане смета дека Ливерпул може да го победи Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампионите, иако тимот на Зинедин Зидан е „еден од најдобрите во светот“.

– Реал е еден од најдобрите тимови во светот. Ние сепак сме Ливерпул, силни сме и можеме да победиме секого. Ќе го дадеме најдоброто од себе за да победиме во финалето, но мислам дека е рано уште да зборуваме за него бидејќи пред тоа имаме два други натпревари – против Челзи и Брајтон. Треба да ги победиме и да останеме во топ 4, изјави Мане.

Левиот бек на Ливерпул Ендрју Робертсон додаде дека Ливерпул е во улога на аутсајдер против Реал, но тоа може да биде од корист за „црвените“.

– Сега сакаме да уживаме во моментот дека сме во финалето, а за Реал ќе мислиме подоцна. Тие имаат многу искусен тим и во последните години играат брилијантно во Лигата на Шампионите. Се разбира, ние ќе бидат аутсајдери, но понекогаш тоа е подобро, изјави дефанзивецот.

МИА

Коронавирус