сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 78
home Фудбал

Манџукиќ со една реченица му одржа лекција на Јувентус

Манџукиќ со една реченица му одржа лекција на Јувентус

Марио Манџукиќ по четири години го напушта Јувентус потпишувајќи договор со катарскиот Ал-Духаил.

Хрватскиот напаѓач заминува откако оваа сезона не запиша ниту еден настап за клубот од Торино. Со доаѓањето на новиот тренер Маурицио Сари падна во втор план, па едноставно беше избришан од Јувентус. Сето тоа наиде на жестоки реакции од целокупната фудбалска јавност во Италија. Јувентус наиде и на сериозни напади од медиуми поради срамниот и понижувачки однос кон Манџукиќ.

Сепак, и покрај, тоа Марио Манџукиќ му одржа вистинска лекција со само една реченица на, сега веќе, својот поранешен клуб. Од целото негово обраќање до јавност се издвојува една реченица…

„Голема благодарност на Алегри и Мароти кои ме донесоа во Торино – беше за мене вистинска привилегија да играм за Јувентус, а изминатите неколку месеци нема да ја променат мојата почит и љубов кои ги чувствувам за клубот“ – силно одекнуваат овие зборови на Хрватот, кој испрати убава порака до клубот.

Како што е познато, Јувентус во тие изминати месеци се трудеше со сите сили да го отстрани 33-годишниот напаѓач, до степен на Марио, и покрај првичната желба да се бори за место во првиот тим, да му се смачи животот на северот од Италија.

 

View this post on Instagram

 

È impossibile riassumere quattro anni e mezzo in un semplice arrivederci, ma spero abbiate visto la mia passione per questo club e per questa squadra in ogni singola partita che ho giocato per la @juventus ?? Un grande ringraziamento a Mr Allegri e a Mr Marotta per avermi voluto a Torino – è stato un privilegio giocare per la Juventus e gli ultimi mesi non cambieranno il rispetto e l’amore che provo per il club ⚪⚫? ringrazio tutti i compagni che ho avuto in queste stagioni – ho davvero apprezzato ogni singola battaglia con voi ?? e abbiamo vinto la maggior parte di queste battaglie! ?? Non dimenticherò tutte le vittorie e i trofei, frutto della nostra qualità, del duro lavoro e dello spirito di squadra. Un grande grazie anche allo staff che lavora dietro le quinte – allenatori, staff medico, fisioterapisti e ogni altra persona che si preoccupa che i giocatori della Juventus siano nelle migliori condizioni per avere successo. Infine, il ringraziamento più grande per i meravigliosi tifosi che sono la vera ragione per cui il club e così grande e vincente – ho apprezzato davvero molto il sostegno che mi avete dimostrato fin dal primo giorno ?? Concludendo, ho sempre cercato di dare il massimo per i Bianconeri ? vi auguro il meglio! E per me, è tempo di un nuovo capitolo… ✍? Per sempre vostro, Mario ?❤

A post shared by Mario Mandžukić MM 17 (@mariomandzukic) on

Коронавирус