понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 139
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Манџукиќ неизвесен за дуелот со Атлетико во ЛШ

Манџукиќ неизвесен за дуелот со Атлетико во ЛШ

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ може да пропушти еден месец поради проблеми со колкот, објави „Скај Спорт Италија“.

Хрватот се повреди за време на тренингот во четвртокот.

Тренерот Масимилијано Алегри, изјави дека прогнозите на лекарите во врска со периодот за закрепнување на играчот не се многу добри.

Така, Манџукиќ може да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико закажан за 19 февруари во Мадрид.

Во тековната сезона хрватскиот репрезентативец во дресот на Јувентус играше на 21 натпревар, постигна девет и оствари четири асистенции.

МИА

Коронавирус