петок, 25. септември 2020. Вести денес: 107
home Фудбал

Манџукиќ не патува за Катар, пропадна трансферот?!

Манџукиќ не патува за Катар, пропадна трансферот?!

Напаѓачот на Јувентус Марио Манџукиќ во зимскиот преоден рок најверојатно нема да премине во катарски Ал Духаил.

Наизглед се беше готово за овој трансфер и 33-годишниот Хрват на 22 декември допатува во Катар, за да ги мине медицинските тестови.

Според информацијата на Tuttomercatoweb.com, катарскиот клуб и Манџукиќ не успеаа да ги договорат деталите на трансферот и Манџукиќ се врати во Италија.

Износот на трансферот требаше да изнесува 5 милиони евра.

 

Коронавирус