петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 81
home Фудбал

Манчини води преговори за селектор на Италија

Манчини е одредуван како фаворит за функцијата, откако зад себе остави имиња како Карло Анчелоти и Антонио Конте. Поранешниот тренер на Интер, Манчестер Сити и Галатасарај сам навести за разделба со Зенит на прес-конференција.
Манчини води преговори за селектор на Италија

Тренерот на Зенит, Роберто Манчини бил снимен во Рим, каде што се очекува да започне преговори со фудбалската федерација за функцијата селектор на националниот тим на Италија. Тренерот слетал на аеродромот „Фумичино“, а неговото пристигнување рашири доста гласини за неговата кандидатура за тренер на „азурите“.

Манчини е одредуван како фаворит за функцијата, откако зад себе остави имиња како Карло Анчелоти и Антонио Конте. Поранешниот тренер на Интер, Манчестер Сити и Галатасарај сам навести за разделба со Зенит на прес-конференција.

– Пријателе, не ми требаат пари. Ако одлучам да си заминам, ќе заминам. Не сакам пари од Зенит. Се обидувам да си ја вршам работата со оние луѓе, кои ме слушаат, изјави неодамна Манчини на новинарско прашање.

Коронавирус