петок, 27. мај 2022. Вести денес: 118
home Фудбал

Манчини го објави списокот на фудбалери за дуелот против Македонија (ФОТО)

Манчини го објави списокот на фудбалери за дуелот против Македонија (ФОТО)

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за бараж-натпреварот против Македонија за Светското првенство во Катар.

Марио Балотели, по повеќе од три години повторно е во селекцијата на „аѕурите“, а има и неколку дебитанти, голманот Марко Карнесеки, дефанзивците Луис Фелипе и Џорџо Скалвини, Николо Фаџоли и Давиде Фратеси од средниот ред, како и напаѓачите Самуеле Ричи и Жоао Педро.

Првиот собир на Италија е закажан на 26 јануари, а бараж – натпреварот со Македонија е закажан за 24. март во Палермо.

Коронавирус