сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 69
home Фудбал

Манчини е само кандидат, се уште нема договор

Манчини е само кандидат, се уште нема договор

Потрагата по нов селектор на италијанската репрезентација продолжува, откако по одбивањето на понудата од страна на Карло Анчелоти во преден план изби тренерот на руски Зенит, Роберто Манчини.

Иако дел од медиумите објавија дека се е договорено со Манчини, од Фудбалската федерација на Италија соопштија дека преговорите се во тек.

– Се уште ништо не е договорено. Ќе се состанеме на 13 мај по завршувањето на шампионатот во Русија за да разговараме за деталите, истакна Роберто Фабричини, член на комисијата за избор на нов селектор при Фудбалската федерација на Италија.

Поради желбата на Манчини да замине на крајот од сезона од Зенит, во јавноста се создаде впечаток дека договорот за италијански селектор е постигнат. Доколку преговорите со Мачини не успеат како резервна опција се споменува тренерот на Нант, Клаудио Раниери.

МИА

Коронавирус