четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчини е незадоволен од евентуалното враќање на Липи во раководството на италијанската фудбалска федерација

Манчини е незадоволен од евентуалното враќање на Липи во раководството на италијанската фудбалска федерација

Селекторот на Италија, Роберто Манчини е незадоволен што не бил консултиран за одлуката Марчело Липи да биде вклучен во работата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

– Манчини е разочаран што претседателот на ФИГЦ, Габриел Гравина не го информираше за идејата за враќање на Липи. Враќањето на Липи се заканува да го поткопа влијанието на Манчини, кому му беше дозволено да се консултира со раководителите на младите селекции, објави „Кориере дело спорт“.

Манчини, наводно, добил три понуди од клубовите во Премиер лигата па неизвесно е дали и во иднина ќе остане селектор на Италија.

Претходно беше објавено дека 72-годишниот Липи може да стане технички директор на италијанските репрезентации. (МИА)

Коронавирус